Против сите видови насилство...!

КРИЗЕН ЦЕНТАР „НАДЕЖ“

Здружение на граѓани за заштита на жртви од насилство

Скопје / Република Македонија

 

..::  Донатори  ::..

 

..:: Инфо за Македонија ::..

English version  

Хроника  |  Активности  |  Линкови  |  Пребарување  |  Почетна страна

..:: Информации за ::..

..:: Спонзори ::..

>> Наша мисија >>

Историјат

Телефон на доверба

Интервенција

Помош кон жртва

Потреби

Донатори

Поддршка

 

Повеќе од мисија...

 

Свесни сме за „силината“ на насилството како најтешка девијантна појава во нашето општество и човековиот живот и дека истата ќе мора да се открие и санкционира на соодветен начин, преку мерки на градење институционални системи кои ќе излезат во пресрет на потребите на жртвите, но и за „потребите“ кои треба да ги добијат насилниците, во сите случаи на насилство.

Затоа:

 

1. Преку блиска соработка со институциите и органите во Република Македонија, ние ќе ги воспоставиме вистинските услуги за заштита на жртвите во случај на насилство, злоупотреба и малтретирање, како и соодветен правен одговор и процедура против насилникот.

 

2. Преку соработка со сите сродни или различни здруженија, организации, групи на граѓани, правни субјекти, поединци – граѓани, кои се спремни да се спротивстават на насилството, ќе иницираме и подржиме сите форми за спречување на насилството во општеството од сите форми и видови.

 

3. Со активно учество на граѓаните од целата територија на Република Македонија ќе ја промовираме вредноста на самопомош и солидарност за помош на жртви од насилство.

 

4. Нашето здружение ќе иницира и подржува градење адекватен и дециден правен систем на општеството против појавите на семејно насилство, особено заштита на детето во овие случаи.

 

5. Нашиот одговор на насилството ќе се стреми да остане независен, легален, невладин, непартиски, непрофитен и полово неутрален, како гаранција дека колективниот одговор на општеството против насилството е ефективен и надградувачки и ќе дава вистински резултати против насилството.

 

Кризен Центар „Надеж“ - Скопје

 

..:: Повеќе за ::..

Насилство

Причини

Последици

Анализи

Семејно насилство

Трговија со луѓе

 

НАСКОРО, ВО ПОДГОТОВКА ОД КРИЗЕН ЦЕНТАР "НАДЕЖ" !

Нови водичи за жртви од семејно насилство!

Анкета на тема: насилството во 2003!

План за кампања:

16 дена против насилство!

Нови активности во борбата против

трговија со луѓе!

 

..:: Контакт ::.. 

Кризен Центар „Надеж“

телефон /телефакс:

02/ 3173 – 424

телефон:

02/ 3175 – 516

е-пошта

info@krizencentar.org.mk

 

 

 

 

© Здружение на граѓани Кризен Центар „Надеж“ – Скопје  Забелешка