Против сите видови насилство...!

КРИЗЕН ЦЕНТАР „НАДЕЖ“

Здружение на граѓани за заштита на жртви од насилство

Скопје / Република Македонија

 

..::  Донатори  ::..

 

..:: Инфо за Македонија ::..

English version  

Хроника  |  Активности  |  Линкови  |  Пребарување  |  Почетна страна

..:: Информации за ::..

..:: Спонзори ::..

Наша мисија

Историјат

Телефон на доверба

Интервенција

Помош кон жртва

>> Потреби >>

Донатори

Поддршка

 

Потребите на Кризниот Центар „Надеж“ – Скопје се идентични со потребите на заштита и згрижување на жртвите од насилство.

Иако Кризниот Центар „Надеж“ веќе има воспоставено основни капацитети за одржување на реакцијата на насилството во постојана активност, сепак овие капацитети не се постојани и доволни, а истовремено претставуваат голема финансиска потешкотија на Кризниот Центар.

Затоа потребно е нивно постојано обновување за што Кризниот Центар „Надеж“ апелира до сите граѓани, правни и физички лица да помогнат во обновување на капацитетите кои се на располагање на жртвите.

 

Потребите за одржување на постојани и бесплатни услуги кон жртвите се следните:

 

1. Просторни потреби:

- донација или времено спонзорство во било каков стан или куќа со кујна и купатило кој може да се користи за привремен истовремен престој на најмалку 3 (три) жртви со деца лоцирана во Скопје,

- донација или времено спонзорство во било каков стан или куќа со кујна и купатило кој може да се користи за привремен истовремен престој на најмалку 3 (три) жртви со деца во било која општина во Република Македонија,

- донација или времено спонзорство во деловен простор или канцеларија за формирање на службата „Телефон на доверба“ во било која општина низ Република Македонија. (со улога за регионална служба).

  

2. Материјални потреби:

- ќебиња, перници и постелнина,

- храна (пр: свежа, конзервирана или за брзо подготвување),

- млеко (пр: тетрапак или млеко во прав),

- детска храна

- обувки (детски и за возрасни)

- облека (детски и за возрасни)

- средства за лична хигиена (пр: сапун, шампон, паста и четка за заби, крпа, и др.)

- кујнска галантерија (пр: тањири, чаши, прибор за јадење и др.)

 

3. Опрема и апарати:

- патнички возила (интервенција и евакуација во урбани средини)

- теренско возило (интервенција и евакуација во рурални средини и надвор од асфалтирани патишта)

- телефон / телефакс апарат

- компјутерска опрема од било кој вид (персонален компјутер, печатар, сканер, и др.)

- радио опрема (пр: радио станица базична или рачни радио станици и др.)

- надгледни средства и друго наменето за едукација на жртви и едукација на граѓани за борба против насилство (пр: флип чарт, фломастери, моливи, пенкала, хартија и др.)

 

..:: Повеќе за ::..

Насилство

Причини

Последици

Анализи

Семејно насилство

Трговија со луѓе

 

НАСКОРО, ВО ПОДГОТОВКА ОД КРИЗЕН ЦЕНТАР "НАДЕЖ" !

Нови водичи за жртви од семејно насилство!

Анкета на тема: насилството во 2003!

План за кампања:

16 дена против насилство!

Нови активности во борбата против

трговија со луѓе!

 

..:: Контакт ::.. 

Кризен Центар „Надеж“

телефон /телефакс:

02/ 3173 – 424

телефон:

02/ 3175 – 516

е-пошта

info@krizencentar.org.mk

 

 

 

 

© Здружение на граѓани Кризен Центар „Надеж“ – Скопје  Забелешка