Против сите видови насилство...!

КРИЗЕН ЦЕНТАР „НАДЕЖ“

Здружение на граѓани за заштита на жртви од насилство

Скопје / Република Македонија

 

..::  Донатори  ::..

 

..:: Инфо за Македонија ::..

English version  

Хроника  |  Активности  |  Линкови  |  Пребарување  |  Почетна страна

..:: Информации за ::..

..:: Спонзори ::..

Наша мисија

Историјат

Телефон на доверба

Интервенција

Помош кон жртва

Потреби

>> Донатори >>

Поддршка 

 

Успешната работа на персоналот на Кризниот Центар „Надеж“ во превенцијата на насилството, како и секојдневното справување со последиците од насилството е овозможено со долгорочна подршка и континуирана помош од донаторите на Кризен Центар „Надеж“ – Скопје, на кои им изразуваме голема благодарност.

Донатори на работата на Кризен Центар „Надеж“ се следните:

- Институт за Трајни Заедници

- Агенција на САД за меѓународен развој

- Фондација Институт Отворено Општество – Македонија

- Меѓународен комитет за спас

-----

Институт за трајни заедници

Институтот за Трајни Заедници (ИТЗ) е независна, невладина организација што им помага на заедниците во постоечките и нови демократски општества да ги разрешат своите проблеми, при тоа градејќи подобра иднина за себе и светот воопшто. Фокусот на ИТЗ е насочен кон заштитата на животната средина, економски и социјални прашања преку пристапот на одржлив развој. За да обезбеди успех и долгорочни одржливи резултати, ИТЗ вклучува различни партнери и организации во својата работа во заедниците. Институтот ја спроведува Програмата за демократска соработка (ПДС). Основна цел на ПДС е зајакнување на демократијата во Македонија преку зајакнување на невладини организации, по пат на финансиска подршка, обезбедување на техничка помош и обука. ПДС е финансирана од страна на Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID).

За повеќе информации:

Активности во Република Македонија:  http://www.isc.org.mk

Активности на меѓународно ниво: http://www.iscvt.org

........

Агенција на САД за меѓународен развој

Програмата за помош во странство на САД започна по втората светска војна со Маршаловиот план за Европскиот континент. Агенцијата на САД за меѓународен развој, основана од претседателот Кенеди во 1961 година, продолжи да промовира развој низ светот. USAID е владина агенција со седиште во Вашингтон и мисии во странство. Меѓу нив е и мисијата на USAID во Македонија...

За повеќе информации:

Активности во Република Македонија:  http://www.usaid.org.mk

Активности на меѓународно ниво: http://www.usaid.gov

........

Фондација Институт Отворено Општество – Македонија

Во 1979 г-нот Џорџ Сорос ја основа неговата прва фондација - Фондот отворено општество во Њујорк, додека првата Источно-европска фондација ја основа во 1984 во Будимпешта, Унгарија. Денеска ја финансира мрежата фондации кои оперираат во 31 земји од Централна и Источна Европа, поранешниот Советски Сојуз и Централна Азија како и во Јужна Африка, Хаити, Гватемала и САД.

Овие фондации, како и Фондацијата во Македонија, имаат за цел да ја градат и одржуваат инфраструктурата и институциите на отвореното општество.

За повеќе информации:

Активности во Република Македонија:  http://www.soros.org.mk

Активности на меѓународно ниво: http://www.soros.org

........

Меѓународен комитет за спас

Меѓународниот комитет за спас (IRC), помеѓу другите е најголемата непрофитна, нерелигиозна, волонтерска агенција во светот која обезбедува помош кон бегалци, раселени лица и други кои избегнуваат насилни конфликти. Основана е во 1933 година, по совет на Алберт Ајнштајн, со цел да им се помогне на лицата кои се сметаа за противници на Хитлер. Од тогаш па се до денес, IRC стана извор на спас, надеж и обнова за милиони луѓе ширум светот. Со избувнување на итна потреба, IRC обезбедува сместување и помош – со зголемено обезбедување на потребни лекови и јавни здравствени услуги, засолниште и храна. Откога кризата ќе се стабилизира, IRC обезбедува програми кои ќе им овозможат бегалците да го прекинат начинот на живот во егзил. Преку обука, едукација и програми за генерирање приходи, IRC помага бегалците да развијат нови вештини кои ќе им помогнат во нивното осамостојување.

За повеќе информации:

Активности на меѓународно ниво: http://www.theirc.org

 

*Забелешка: Наведените мислења и ставови, нужно не ги рефлектираат мислењата и ставовите на донаторите!

 

..:: Повеќе за ::..

Насилство

Причини

Последици

Анализи

Семејно насилство

Трговија со луѓе

 

НАСКОРО, ВО ПОДГОТОВКА ОД КРИЗЕН ЦЕНТАР "НАДЕЖ" !

Нови водичи за жртви од семејно насилство!

Анкета на тема: насилството во 2003!

План за кампања:

16 дена против насилство!

Нови активности во борбата против

трговија со луѓе!

 

..:: Контакт ::.. 

Кризен Центар „Надеж“

телефон /телефакс:

02/ 3173 – 424

телефон:

02/ 3175 – 516

е-пошта

info@krizencentar.org.mk

 

 

 

 

© Здружение на граѓани Кризен Центар „Надеж“ – Скопје  Забелешка