Против сите видови насилство...!

КРИЗЕН ЦЕНТАР „НАДЕЖ“

Здружение на граѓани за заштита на жртви од насилство

Скопје / Република Македонија

 

..::  Донатори  ::..

 

..:: Инфо за Македонија ::..

English version  

Хроника  |  Активности  |  Линкови  |  Пребарување  |  Почетна страна

..:: Информации за ::..

..:: Спонзори ::..

Наша мисија

Историјат

Телефон на доверба

Интервенција

Помош кон жртва

Потреби

Донатори

>> Поддршка >>

 

Вашата подршка, спасува животи!

Дадената подршка во секој вид, за активностите на Кризниот Центар „Надеж“ е добредојдена и истата наменски се искористува во секојдневните активности на здружението, во работата на Телефонот на довербата и Засолнувањето на жртви.

Вашата финансиска подршка во вид на „донација“, „финансиска помош“ – за одредени активности или пак активности во рамки на одреден проект, можете директно да ја уплатите на:

 

со назнака:            поддршка на работата на Кризен Центар „Надеж“

жиро. сметка:        300000001254343

даночен број:        4030001404580

банка депонент:    Комерцијална Банка АД – Скопје

 

За Вашата донација или спонзорство од било каков карактер:

- Вашето лого или порака, име на производ или услуга, ќе се најде на сите Веб-страници на Веб-сајтот на Кризен Центар „Надеж“, во вид на постојан, статичен или динамичен банер и соодветна „врска“ – хиперлинк до Вашиот Веб-сајт,

- Вашето лого или порака, име на производ или услуга, ќе се најде на сите промотивни материјали кои ги издава Кризен Центар „Надеж“,

- Името на Вашата компанија, бизнис, корпорација ќе биде назначено како вистински „социјално одговорен бизнис“ во сите форми на презентирање на работата на Кризен Центар „Надеж“ – Скопје.

Секоја финансиска подршка на Кризниот Центар „Надеж“ е од најголемо значење, бидејќи покрај основните услуги кон жртвите од насилство, на овој начин ќе помогнете во подобрување на истите услуги на целата територија на Република Македонија, преку отварање на Регионални Центри на „Телефон на доверба“ и „Предкризни центри“ за жртви од насилство во локалните средини, кои веќе се во план и подготовка за почеток со работа!

На овој начин директно влијаете на намалување на трошоците за згрижување на жртви од насилство во Република Македонија.

 

Доколку сакате да дадете подршка, но не можете да дадете финансиска подршка, можете подетално да се запознаете со потребите на работата на Кризниот Центар „Надеж“, на страната „Потреби “.

 

..:: Повеќе за ::..

Насилство

Причини

Последици

Анализи

Семејно насилство

Трговија со луѓе

 

НАСКОРО, ВО ПОДГОТОВКА ОД КРИЗЕН ЦЕНТАР "НАДЕЖ" !

Нови водичи за жртви од семејно насилство!

Анкета на тема: насилството во 2003!

План за кампања:

16 дена против насилство!

Нови активности во борбата против

трговија со луѓе!

 

..:: Контакт ::.. 

Кризен Центар „Надеж“

телефон /телефакс:

02/ 3173 – 424

телефон:

02/ 3175 – 516

е-пошта

info@krizencentar.org.mk

 

 

 

 

© Здружение на граѓани Кризен Центар „Надеж“ – Скопје  Забелешка