|
Против
сите видови
насилство...! КРИЗЕН ЦЕНТАР „НАДЕЖ“ Здружение
на граѓани
за заштита
на жртви од
насилство Скопје / Република Македонија
|
||
|
Информации за нас | Хроника | Сведоштва | Активности | Линкови | Пребарување | Почетна страна |
||
|
ХРОНИКА НА НАСИЛСТВОТО |
||
| Оваа рубрика ја објавува Кризен Центар „Надеж“ со цел да Ви го претстави проблемот со насилството кој рапидно расте и не стивнува во Република Македонија. Во Хроника единствено се објавуваат написите од дневните весници, неделници и други медиуми кои се објавени во Република Македонија. Кризниот Центар „Надеж“ не подлежи на никаква одговорност за содржината на написите и објавените настани и истите во целост ги пренесува на оваа страница! | ||
| Септември | 1 2 3 4 5 | |
|
ЧИЧКО
СО НОЖ СИ ГО
ИСКАСАПИЛ
ВНУКОТ ВО
СПОР ЗА
СВАДБЕН
ФАЈРОНТ Внук
бил
искасапен
од со нож од
својот
пијан чичко
во тепачка
пред крајот
на
свадбената
веселба
завчеравечер
(21 септември 2003),
пред дворот
на нивната
куќа на
улицата
Дебарска во
Прилеп.
Веднаш по
убиството
прилепските
полицајци
го уапсиле
Бејзир
Реџепов (39) од
Прилеп,
осомничен
за убиство, а
истражен
судија му
одредил
триесетдневен
притвор.
Причина за
немилиот
настан била
расправијата
меѓу
чичкото и
неговите
внуци за
фајронт на
свадбата. Од
првичниот
увид било
констатирано
дека
убиството
се случило
во неделата
околу 18.30
часот, пред
крајот на
свадбената
веселба што
се
одржувала
дента во
куќата на
семејството
Реџепови,
број 137 на
улицата
Дебарска. Бејзир
Реџепов
заедно со
својот брат
Н.Р. пред
куќата каде
се
одржувала
свадбената
веселба,
почнал да се
расправа со
внуците
Сефдет
Реџепов и С.Р.
Кавгата
меѓу
четворицата
поднапиени
роднини
била за тоа
дали да
продолжи
музиката. Во
еден момент
расправијата
преминала
во тепачка.
Бејзир
влегол во
куќата, зел
кујнски нож
и се вратил
на улицата,
каде што
тепачката
сеуште
траела, мусе
нафрлил на
внукот
Сефдет и му
нанел два
убоди во
стомакот и
градите. По
инцидентот
повредениот
бил однесен
во
прилепскиот
Медицински
центар, но на
пат им
подлегнал
на
повредите. Веднаш
по
убиството,
прилепските
полицајци
го уапсиле
Бејзир. При
претрес во
домот на
Реџепов,
полицијата
го нашла
ножот со кој
тој го
извршил
злосторот. (Д.В.)
„Дневник“, 23
септември 2003. МУ
УДРИЛ ТРИ
НОЖА НА
СОСЕДОТ ЗА
ДА ГО ОГРАБИ Разбојник
со нож три
пати го
пробол
соседот и
тешко го
ранил
откако се
обидел да го
ограби, во
неговата
куќа во
тетовското
село Мала
Речица,
завчеравечер
(21 септември 2003).
Напаѓачот
избегал, а
повредениот
бил однесен
во
тетовската
болница,
каде што бил
задржан на
лекување. Според
локалната
полиција,
обидот за
разбојништво
се случил во
неделата
вечерта во
куќата на Н.Р.
во селото
Мала Речица.
Околу 21.00
часот во
куќата на Н.Р.
дошол
соседот Б.С. и
му се
заканил на
домаќинот
дека ќе го
убие ако не
му ги даде
парите.
Потоа
разбојникот
со нож
трипати го
пробол Н.Р., во
стомакот,
воколкот и
во дланката.
Синот, кој
бил на
горниот кат
кат од
куќата
веднаш се
симнал и го
фатил
разбојникот.
Но, тогаш
насилникот
му се
заканил да
го ослободи
бидејќи
надвор го
чекале уште
неколку
лица, кои во
тој момент
од огнено
оружје
истрелале
неколку
куршуми во
воздухот.
Синот се
исплашил и
го
ослободил
разбојникот.
Набргу
потоа
ранетиот
бил однесен
во
тетовскиот
Медицински
центар.
Локалната
полиција
презела
мерки за
апсење на
насилникот,
кој е во
бегство. (Д.В.)
„Дневник“, 23
септември 2003. СКОПЈАНЕЦ
И
БИТОЛЧАНЕЦ
ПРЕНЕСУВАЛЕ
ИЛЕГАЛЦИ ВО
ГРЦИЈА Битолската
полиција во
петокот
поднела две
кривични
пријави
против
битолчанецот
Томе
Трампевски (45)
и Беќир Е. (30)
поради
превезување
илегалци
преку
државната
меѓа со
Грција.
Надлежниот
судија им
изрекол по 30
дена
притвор на
двајцата
веднаш по
апсењето.
Според
битолската
полиција,
Беќир Е.
ноќта меѓу 11 и
12ти (септември
2003), заедно со
уште две
лица од
Скопје, за
значителна
сума пари, со
три
патнички
моторни
возила
превезле
повеќе лица
од Скопје и
од Куманово
кон Грција.
Во договор
со Томе
Трампевски
и други две
лица од
Битола тие
ноќта ги
сместиле
илегалците
во
туристички
центар „Стрежево“,
кај селото
Нижо поле на
Пелистер, за
следниот
ден да ги
префрлат во
Грција. Но
при обидот
да ја минат
границата
ги фатила
полицијата,
која будно
ги следела.
Истрагата е
во тек. (М.П.)
„Дневник“, 23
септември 2003. ДВАЈЦА
КИЧЕВЧАНИ
ОБВИНЕТИ ЗА
СИЛУВАЊЕ
МАЛОЛЕТНИЧКА Истражниот
судија од
основниот
суд во
Кичево,
Танче
Софрониевски,
им одреди
мерка
притвор во
траење од 30
дена на 20
годишниот
Имер
Османовски
од Кичево и
на 22
годишниот
Агим
Муратоски
од село
Другово. Тие
се
осомничени
за силување
на 17
годишната С.М.
од Кичево.
Осомничените
со возило „застава
101“
завчеравечер
(18 септември)
околу 22,30
часот ја
однесле С.М.
во атарот на
селото
Карбулица,
каде што со
употреба на
сила ја
силувале.
Потоа
осомничените
ја
префрлиле
оштетената
со
автомобилот
до мостот на
реката
Сушица во
Кичево и
дале 80 денари
за такси за
да си оди
дома.
Меѓутоа таа
го
пријавила
случајот во
полиција. (Б.Г.)
„Утрински
весник“, 20
септември 2003. МИСЛЕЈЌИ
ДЕКА Е
КРАДЕЦ, ЈА
УБИЛ СНААТА
СО МОТИКА Вчераутро
(19 септември),
околу 2,25 часот,
во
штипското
село Радње, В.С.
(79) со неколку
удари со
мотика во
својата
нива ја убил
Ратка Ф.
(62), сопруга
на неговиот
починат
брат. Утрото
В.С. се упатил
кон нивата,
но во еден
момент
забележал
како
непознато
лице се
движи кон
него. Без
предупредување,
замавнал со
мотиката и
со неколку
удари по
главата ја
убил Ратка Ф.
на самото
место.
Откако
увидел што
направил, се
вратил дома
и го
известил
синот за
настанот.
Синот ја
известил
полицијата,
која го
привела В.С. (Г.Н.)
„Утрински
весник“, 20
септември 2003.
|
||
© Здружение на граѓани Кризен Центар „Надеж“ – Скопје | Забелешка