|
Против
сите видови
насилство...! КРИЗЕН ЦЕНТАР „НАДЕЖ“ Здружение
на граѓани
за заштита
на жртви од
насилство Скопје / Република Македонија
|
||
|
Информации за нас | Хроника | Сведоштва | Активности | Линкови | Пребарување | Почетна страна |
||
|
ХРОНИКА НА НАСИЛСТВОТО |
||
| Оваа рубрика ја објавува Кризен Центар „Надеж“ со цел да Ви го претстави проблемот со насилството кој рапидно расте и не стивнува во Република Македонија. Во Хроника единствено се објавуваат написите од дневните весници, неделници и други медиуми кои се објавени во Република Македонија. Кризниот Центар „Надеж“ не подлежи на никаква одговорност за содржината на написите и објавените настани и истите во целост ги пренесува на оваа страница! | ||
| Септември | 1 2 3 4 5 | |
|
ВО
ЛОЗЈЕ МАЖОТ
ЈА УБИЛ
СОПРУГАТА, А
ПОТОА СЕ
ПРЕДАЛ НА
ПОЛИЦИЈАТА Завчераутро
(18 септември) ,
околу 9 часот,
кај
месноста
Илов
Воларов,
близу
Неготино, Т.З.
од Кочани ја
убил
сопругата Б.З.
(42) додека
береле
грозје.
Првичните
сознанија
на МВР за
немилиот
настан
велат дека
мотив за
убиството
било,
наводно
неверство
на Б.З. со
нивни
познајници.
Двајцата
сопружници
почнале
расправија
во лозјето.
Тогаш Т.З.
како што им
изјавил на
полициските
инспектори,
зел нож, па од
грб ја
нападнал и
неколкупати
ја пробол во
вратот
сопругата,
која
починала на
самото
место. По
еден час од
злосторството,
Т.З. во
полициска
станица им
се предал на
органите на
прогонот.
Телото на
убиената Б.З.
е пренесено
на
обдукција
во
Институтот
за судска
медицина. (Г.Н.) „Утрински
весник“, 20
септември 2003.
СЕ
ОБИДЕЛ ДА ЈА
УБИЕ
СОПРУГАТА
СО СЕКИРА Жител
на
виничкото
село Градец
се обидел да
ја убие
својата
сопруга
удирајќи ја
со секира по
главата
завчера
околу
пладне,
информираше
вчера МВР. За
среќа,
жената го
преживеала
ударот и се
наоѓа во
критична
здравствена
состојба во
Медицинскиот
центар во
Кочани.
Според
информациите
на
полициската
истрага, М.С.
во дворот на
својата
куќа во
селото
Градец,
завчера
околу 14 часот
имал
жестока
расправија
со својата
сопруга. Во
караницата
тој зел
секира и
силно ја
удрил
сопругата
по главата.
По
инцидентот
тешкоповредената
и
раскрварена
жена била
однесена во
Медицинскиот
центар во
Кочани, каде
што и била
укажана
прва помош.
Таа во
критична
здравствена
состојба
била
задржана на
лекување во 6олшицата.
Виничките
полицајци
веднаш го
привеле
нејзиниот
сопруг.
(Д.Н.)
„Дневник“, 19
септември 2003. СРЕДНОШКОЛЕЦ
ОД „КАРЕВ“ СО
ШИЛО
РАСЕКОЛ
ПРОФЕСОР
Средношколец
од
скопската
гимназија
Никола
Карев со
шило
расекол
професор од
гимназијата
„Орце
Николов", во
вторникот
во зградата
на
гимназијата.
Професорот
веднаш
побарал
помош во
скопската
Градска
болница
каде што по
дадената
лекарска
помош бил
пуштен на
домашно
пекување. Инцидентот
се случил во
вторникот
околу 16 часот
во зградата
на
гимназијата
„Ор-це
Николов",
Средношколците
И.М.(16) и М.А.(16) кои
посетувале
настава во
гимназијата
„Никола
Карев"
отишле во
гимназијата
„Орие
Николов" и
непотребно
ја
попречувале
наставата.
Тогаш
професорот
М.С. излегол
во ходникот
и ги
предупредил
учениците
да си
заминат од
зградата и
да не прават
проблеми.
Тогаш
ученици му
се нафрлиле
на
професорот,
го удирале и
го тегнеле
по апиштата.
Во еден
момент И.М.
извадил
шило и го
расекоп
професорот
по раката. По
инцидентот
вработени
во
гимназијата
повикале
попиција.
Агресивните
ученици
веднаш биле
приведени
во
попициската
станица.
Против И.М.
полицијата
поднела
прекршочна
пријава за
недозволено
држење на
оружје, а
против
двајцата
ученици
полицијата
поднела
прекршочна
пријава за
неоправдано
задржување
и
нарушување
на
наставата. (Д.В.)
„Дневник“, 19
септември 2003 ПИЈАН
ГАСТАРБАЈТЕР,
ПРЕТЕПАН
ПОЛИЦАЕЦ
Злате
Ќ. (26),
македонски
иселеник во
Данска,
буквално го
претепал
полицаецот
Владо А. при
вршење на
службена
должност.
Настанот се
случил во
центарот на
Битола во
непосредна
близина на
зградата
Грозд, каде
повратникот
од Данска во
алкохолизирана
состојба
насилнички
удирал во
паркирано
возило "шкода
фелиција".
Откако овој
инцидент
бил
пријавен во
полиција. На
лице место
интервенирал
реонскиот
полицаец
Владо, а
иселеникот
наместо да
се смири, се
нафрлил врз
службеното
лице. Притоа
полицаецот
се здобил со
повеќе
телесни
повреди по
телото а му
биле
искинати и
повеќе
делови од
службената
униформа.
СВР Битола
поднесе
кривична
пријава
против
насилникот
Злате Ќ. за
кривично
дело напад
врз
службено
лице во
вршење
безбедност,
а истражен
судија му
одреди
мерка
притвор во
траење од 30
дена. Ј. С. „Дневник“, 17 септември 2003
|
||
© Здружение на граѓани Кризен Центар „Надеж“ – Скопје | Забелешка