|
Против
сите видови
насилство...! КРИЗЕН ЦЕНТАР „НАДЕЖ“ Здружение
на граѓани
за заштита
на жртви од
насилство Скопје / Република Македонија
|
||
|
Информации за нас | Хроника | Сведоштва | Активности | Линкови | Пребарување | Почетна страна |
||
|
ХРОНИКА НА НАСИЛСТВОТО |
||
| Оваа рубрика ја објавува Кризен Центар „Надеж“ со цел да Ви го претстави проблемот со насилството кој рапидно расте и не стивнува во Република Македонија. Во Хроника единствено се објавуваат написите од дневните весници, неделници и други медиуми кои се објавени во Република Македонија. Кризниот Центар „Надеж“ не подлежи на никаква одговорност за содржината на написите и објавените настани и истите во целост ги пренесува на оваа страница! | ||
| Септември | 1 2 3 4 5 | |
|
ВОЗАЧ
НА ПРАТЕНИК
ОД СДСМ,
НОКАУТИРАЛ
СТУДЕНТ
ПРЕД ОЧИТЕ
НА ПОЛИЦАЕЦ! „Дневник“,
11 септември 2003 ОСУДЕНИ
УБИЈЦИТЕ НА
МАРИО! Кривичниот совет на Основниот Суд Скопје 1, завчера (4 септември) ги осуди двајцата Роми, убијци на скопскиот средношколец Марио Георгиевски (18). Седумгошна казна малолетнички затвор добиле Б.Е. (17) од Скопје, а неговиот соучесник Р.М. (16) бил осуден на казна – од една до пет години престој во Воспитно – поправен дом. Осудените беа обвинети дека пред 7 месеци на грозоморен начин во центарот на Скопје го убиле Марио Георгиевски, ученик од ДСУ „Васил Антевски – Дрен“. Д.В.,
„Дневник“, 6
септември 2003 ОТКРИЕН
ПИШТОЛЏИЈАТА
КОЈ ПУКАШЕ
ВО АВТОБУС
ВО ДВИЖЕЊЕ
СО ПАТНИЦИ! Деветнаесет годишниот Г.Б. од Македонска Каменица, по повеќедневна потрага бил приведен од Полицијата поради основано сомнение дека е извршител на кривичното дело – предизвикување општа опасност. Осомничениот на крајот на јуни годинава, во ноќните часови кај село Луковица, со пиштол што го поседувал без одобрение, пукал во автобус, сопственост на „Транскоп“ од Битола, што сообраќал на редовна линија Битола – Софија. Еден проектил од пиштолот оштеил еден прозорец на автобусот. За среќа никој од патниците не бил повреден. На седиштата кај прозорецот низ кој поминал проектилот немало патници. Проектилот минал во непосредна близина на седиштето од возачот на полниот автобус. Сето тоа се случувало во момент кога автобусот совладувал свиок покрај длабок амбис. Г.Н.
„Утрински
весник“, 6
септември 2003
|
||
© Здружение на граѓани Кризен Центар „Надеж“ – Скопје | Забелешка