|
Против
сите видови
насилство...! КРИЗЕН ЦЕНТАР „НАДЕЖ“ Здружение
на граѓани
за заштита
на жртви од
насилство Скопје / Република Македонија
|
||
|
Информации за нас | Хроника | Сведоштва | Активности | Линкови | Пребарување | Почетна страна |
||
|
ХРОНИКА НА НАСИЛСТВОТО |
||
| Оваа рубрика ја објавува Кризен Центар „Надеж“ со цел да Ви го претстави проблемот со насилството кој рапидно расте и не стивнува во Република Македонија. Во Хроника единствено се објавуваат написите од дневните весници, неделници и други медиуми кои се објавени во Република Македонија. Кризниот Центар „Надеж“ не подлежи на никаква одговорност за содржината на написите и објавените настани и истите во целост ги пренесува на оваа страница! | ||
| Септември | 1 2 3 4 5 | |
|
СЕСТРА
СИ ГО УБИЛА
БРАТОТ, ОТИ
ТОЈ ГО УБИЛ
МАЖ И! Шура во расправија за меѓа со пушка го застрелал зетот, а жената и синот на жртвата му го одзеле оружјето на убиецот и со него го претепале до смрт. Трагичниот настан се случил завчера вечер (3 септември) во скопското село Припор, а во тепачката што следувала по убиството, ќотек изела и жената на убиецот. Драган Величковски (49) и неговиот шура Томислав М. (45) го загубиле животот, а Силвана М. била поврдена во главата од удари со кундакот од пушката, кои и ги нанеле снаата Славка и внукот Трајче. Немилиот настан се случил завчера во куќата во изградба на Томислав М. во Припор. Според роднините на убиените, двете семејства подолго време биле раскарани бидејќи, потпорниот ѕид што Томислав го ѕидал за повеќе од една педа навлегувал во дворот на семејството Величковски. Расправиите траеле 10 години. Во понеделникот Томислав потворно почнал да копа за да го изгради ѕидот. И по расправиите што ги имале, двете семејства на критичниот ден тие не успеале да се договорат. Попладне околу 18.15 часот Драган заедно со жена му Славка и синот Трајче отичле во куќата на својот зет и сестра. Тие веднаш почнале кавга и Драган му рекол на шурата Томислав да престане да го гради ѕидот. Тогаш Томислав ја зел пушката и вбез да ги предупреди истрелал еден куршум кој го погодил во градите Драган и тој паднал на подот. Тогаш Славка и Трајче му се нафрлиле на Томислав и почнале да го тепаат тие му ја зеле пушката и првин со кундакот ја удриле во глава Силвана, а кога таа се онесвестила, му се нафрлиле на убиецот. Од жестокото тепање со пушката поцелото тело и главата, Томислав починал на самото место. По немилиот настан, Силвана, целата во крв, отишла во куќата на Драган и на луѓето што ги нашла таму им кажала што се случило. Во инцидентот на местото на настанот биле убиени Томислав, а Драган Величковски починал на пат кон градската болница. Полицијата веднаш пристигнала и извршила увид. Славка и Трајче Величковски биле приведени во полициската станица и по расветлувањето на настанот против нив ќе биде поднесена кривична пријава. Мајката и синот веднаш биле притворени, а со возило на брза помош повредената била однесена во скопскиот Ургентен центар. По давањето лекарска помош, таа била пуштена на домашно лекување. Менде
Петковски, „Дневник“,
6 септември 2003 ГОСТИВАРЧАНКА
СО НОЖ СИ ГО
ПРОБОЛА
МОМЧЕТО! Гостиварчанка
со еден убод
со нож се
обидела да
го убие
момчето,
кога тој ја
откажал
љубовта кон
неа, во
понеделникот,
додека
двајцата со
автомобил
влегувале
во Охрид. По
инцидентот
повредениот
самиот
побарал
помош во
Охридската
болница и по
лекарската
интервенција
се наоѓа
надвор од
животна
опасност.
Охридската
полиција ја
привела А.К. (25)
од Гостивар
и против неа
поднела
кривична
пријава за
убиство во
обид. Според
Министерството
за
Внатрешни
Работи,
обидот за
убиство се
случил во
понеделникот
(1 септември)
по
расправија
меѓу А.К. (25) и
нејзиното
момче Р.Б. (40) од
Охрид. На
критичиот
ден
двајцата
околу 20 часот
со
автомобил
заминале од
Гостивар
кон Охрид.
Додека се
возеле кон
Охрид Р.Б. и
кажал на
девојката
дека сака да
ја прекине
љубовната
врска со неа.
Бидејќи
девојката
не го
прифатила
раскинувањето,
почнала
расправија
со Р.Б. Во еден
момент тааа
со намера да
му се
одмазди за
раскинувањето
на нивната
љубовна
врска, од
чантата
извадила
нож и го
пробола Р.Б.
во градите.
По
инцидентот,
повредениот
Р.Б.
продолжил
да вози кон
охридската
болница.
Кога
пристигнале
во
болницата,
девојката
избегала, а
на
повредениот
му била
дадена
лекарска
помош.
Локалната
полиција
набргу
потоа ја
пронашла и
ја привела
девојката. Д.В., „Дневник“, 6 септември 2003
|
||
© Здружение на граѓани Кризен Центар „Надеж“ – Скопје | Забелешка