Против сите видови насилство...!

КРИЗЕН ЦЕНТАР „НАДЕЖ“

Здружение на граѓани за заштита на жртви од насилство

Скопје / Република Македонија

 

Информации за нас  |  Хроника  Сведоштва  |  Активности  |  Линкови  |  Пребарување  |  Почетна страна

ХРОНИКА НА НАСИЛСТВОТО

Оваа рубрика ја објавува Кризен Центар „Надеж“ со цел да Ви го претстави проблемот со насилството кој рапидно расте и не стивнува во Република Македонија. Во Хроника единствено се објавуваат написите од дневните весници, неделници и други медиуми кои се објавени во Република Македонија. Кризниот Центар „Надеж“ не подлежи на никаква одговорност за содржината на написите и објавените настани и истите во целост ги пренесува на оваа страница!
Септември 1  2  3  4  5

 

ПРОТИВ ДИЛАВЕР БОЈКУ ЌЕ СВЕДОЧАТ 10 РОМАНКИ И МОЛДАВКИ!

Битола – На судењето на Дилавер Бојку – Леку, Велешта, Струшко, во судот во Битола, што се очекува да почне на 25 септември, ќе сведочат и 10 девојки од Романија и Молдавија кои биле негови жртви. Се очекува тие со своите искажувања да потврдат дека тој ги малтретирал и терал да се проституираат. Истовремено, Кривичниот совет на Основниот Суд во Битола вчера го прифати барањето на основниот јавен обвинител за промена на основата според која сега не може да биде ослободен од притвор се до завршувањето на судската постапка против него и до стапувањето во сила на пресудата што ќе биде донесена во врска со серијата кривични предмети што го товарат за посредување во вршење проституција. Ова веќе е дефинитивно значи дека со бегството од притвор што еднаш му успеа Бујку самиот направи државата да не му верува, без оглед на гаранциите што ги нуди, а кои се мерат над 15 милиони евра. Со прифаќањето на барањето на јавниот обвинител, тој веќе не е во притвор за да не може да влијае врз целата постапка што се води против него, туку како веќе докажан бегалец кој сака да се надитрува со органите на Власта повеќе да ја нема таа можност. Вчерашната одлука на Кривичниот совет на Основниот суд во Битола сега значи дека и дефинитивно е отфрлен предлогот на семејството Бојку во замена за ослободувањето од Притвор да бидат заложени дел од Хотелот „Амбасадор“ и целиот мотел „Белмондо“ во Струга, заедно вредни над 1,5 милиони евра. Всушност, е веќе исклучен без оглед на неговата вредност. Инаку, според извори од Општинскиот затвор во Битола, Дилавер Бојку – Леку е во извонредно психичко и физичко здравје и тој се однесува „сосема нормално и дисциплинирано“. Неговите блиски редовно го користат дозволениот термин за посети.

Гоце Каревски, „Утрински весник“, 5 септември 2003

 

РАЗБОЈНИК СИЛУВАЛ 23 ГОДИШНА ДЕВОЈКА, МОМЧЕТО И ГО ОГРАБИЛ!

Во вторникот (2 септември) , маскиран разбојник, вооружен со автоматска пушка, во близина на гостиварското село Мердита, извршил разбојништво и силувал девојка. Настанот се случил околу 23 часот кога М.З. (29) и К.И. (23) со автомобил „Голф“ стоеле во близина на фабриката „Силика“. Непознатиот им вперил автоматска пушка и му рекол на М.З. да вози кон селото Мердита. Таму застанале и маскираниот прво го ограбил М.З. и му одзел 6000 денари и 50 евра, а потоа ја силувал неговата девојка К.И. Разбојникот побегнал, а нападнатите случајот го пријавиле во Полиција.

К.М. „Вест“, 4 септември 2003

 

НАПАДНАТИ И ОГРАБЕНИ ДВЕ ЖЕНИ

За два дена на булеварот Партизански одреди во скопската населба Карпош биле извршени две разбојништва. Првото се случило во понеделникот (1 септември) околу 23 часот, пред државното средно училиште „Здравко Цветковски“, кога на улицата била ограбена жена. Во моментот кога Д.Е. го преминувала булеварот, забележала дека непознат маж ја следи и сотрчање и се приближува од зад грб. Додека се завртела, непознатиот и ја грабнал чантата и избегал. Во чантата имало пари, клучеви и мобилен. Наредниот ден (2 септември) околу 20 часот била ограбена 26 годишната тетовка М.С. Непознатиот разбојник ја следел девојката на улицата Бледски договор спроти поликлиниката „Букурешт“. Кога таа стигнала кај автобуската станица, непознатиот и ја грабнал чантата во која имало, пари, мобилен телефон, и избегал. Двете разбојништва биле пријавени во Полиција која трага по уличните разбојници.

К.М. „Вест“, 4 септември 2003

 

На почеток


© Здружение на граѓани Кризен Центар „Надеж“ – Скопје  | Забелешка