|
Успешната
реакција на
насилството
е патот по
кој го
адаптираме
функционирањето
на Кризниот
Центар „Надеж“!
За
успешната
работа
можат да
зборуваат
единствено
самите
жртви кога
самите ќе
одлучат за
истото! Во
оваа
рубрика ги
објавуваме
сведоштвата
на жртви кои
ги добиле
услугите од
Кризен
Центар „Надеж“
и истите се
одлучиле да
ги објават
во печатени
или
електронски
медиуми во
Република
Македонија! Написите
за случаи, ги
пренесуваме
во целост
како што и се
објавени...
Напомена:
Согласно
Уставните
одредби во
Република
Македонија
за заштита
на
интегритетот
на
граѓаните и
тајноста на
податоците,
тајноста за
извршените
услуги е
загарантирана
со цел да се
заштити
интегритетот
на жртвите и
нивните
најблиски!
|
|
...Случајно,
го најдов
телефонот
на Кризниот
центар „Надеж”, се
јавив, без
некои
големи
очекувања
дека ќе
најдам
излез. Во
почетокот,
речиси
секојдневно
се јавував и
разговаравме
за мојот
проблем. Во
прво време
ми беше
доволно што
има некој да
ме сослуша.
да му ги
кажам
своите маки.
Подоцна,
почнав да ги
слушам и
нивните
совети како
да се
справам со
ситуацијата.
Слободно
можам да
кажам дека
тие имаат
голема
заслуга што
јас сум
денес во
брак....
...Бевме
одведени во
нивниот
Кризен
центар.
Стравот кај
мене беше
премногу
присутен.
Мислев дека
и тука ќе ме
најде, дека и
тука ќе
бидам
изложена на
неговите
малтретирања.
Смирувачки
ми влијаеше
фактот дека
прифатилиштето
не е
достапно за
јавноста.
Веднаш,
следниот
ден,
стручната
екипа на
Центарот,
составена
од психолог,
педагог и
социјален
работник, ја
презеде
грижата за
нас. Посебно
се работеше
со мојата
ќерка, врз
чија детска
душа сите
настани,
немилите
сцени во
домот
оставија
големи
траги...
...Преку
разговорите,
со изладени
глави,
повторно го
составивме
нашето
семејство.
Сега
живееме
далеку од
неговите
родители и
повторно
сме
хармонично
семејство. И
денес,
финансиски,
не ни е лесно.
Но такво е
времето, за
сите. Се
снаогаме.
Најважно е
што имаме
мир и еден
нормален
живот, како
за мене така
и за децата.
Не мора
повеќе да
бидат
сведоци на
непријатните
сцени и да ја
гледаат
сопствената
мајка
изложена на
малтретирање
и на
понижување...
...Продолжив
да ја барам
сопругата
во сите
женски
здруженија
и
организации.
Така се
јавив и во
Кризниот
центар „Надеж”.
Можам да
кажам дека
само овде
бев
сослушан.
Дури ми
дадоа и
стручни
совети и
помош. Само
што се јавив
почувствував
дека барем
има некој
кој ми
верува.
Подоцна,
нивна екипа
дојде и во
мојот дом, да
види како ги
одгледувам
децата. Не
сакам да
кажам дека
немавме
проблеми и
караници.
Можеби и јас
грешев, но за
се може да се
најде
решение...
...Еден
ден посебно
ми беше
тешко кога
мојата шест
годишна
ќерка ме
праша зошто
татко и и
брат и не ја
сакаат.
Откако
исплакав “еден
тон” солзи
решив
повторно да
се борам. Се
јавив во
Центарот,
луѓето
оттаму ми
излегоа во
пресрет, им
ја дадов
целата
документација
од бракоразводната
парница на
увид на
нивниот
адвокат, кој
се
подготвува
да покрене
преиспитување
на целата
постапка.
Кај мене
повторно се
раѓа надеж.
Можеби
набрзо ќе
дојде денот
кога ќе
бидам
заедно со
моите две
деца...
|